Договорена нова владеачка коалиција во Бугарија
„Продолжуваме со промената“ на досегашниот премиер Кирил Петков, Бугарската социјалистичка партија на Корнелија Нинова и Демократска Бугарија седнаа на преговарачка маса за нова коалиција во актуелниот парламентарен состав, јавија бугарските медиуми.
ПП во недела ќе има разговори и со пратениците кои ја напуштија „Има таков народ“ на Слави Трифонов. Од денешните средби стана коалиционите партнери се согласиле дека направиле грешки во рамки на старата коалиција и договорено е да се направи нова програма.
Асен Василев, досегашниот вицепремиер и министер за финансии, од „Продолжуваме со промената“ на Петков го доби мандатот и, како што стојат работите, тој ќе биде новиот премиер на Бугарија.
Слично
