Договор за медиумите или одлагање на изборите?
Партиските работни групи не се договорија за законот за медиуми. Предлогот на СДСМ беше одбиен од страна на ВМРО ДПМНЕ, наречувајќи го противуставен и цензорски.
Од ВМРО не сакаат промени во законите за медиумите, или ако се прават промени да се преслика било кој закон од некоја европска земја.
СДСМ смета дека тоа е невозможно во македонски услови, бидејќи различни се спецификите на секоја земја.
И посредникот Ван Хауте смета дека е потребен целосно нов закон за медиуми, со кој партиите ќе имаат еднаков пристап до мејнстрим медиумите.
Ова е последно прашање од Пржинскиот договор за кое нема договор, и за кој далечни се шансите дека ќе се најде договор. Доколу партиите не се договорат сосема е извесно ЕУ да препорача одлагање на изборите, кои се закажани за 24 април.
Слично
