Договор за името ќе има за неколку дена?
За процесот за името, пратеникот од ДУИ, Артан Груби во интервју на Канал 5 рече дека се денови во прашање до потпишувањето на Договорот за надминување на спорот за името. Груби нагласи дека како партија и како дел од власта биле целосно вклучени па дури и помогнале да се дојде до решение за името во делот на преводливоста во патните документи на националноста на припадниците на останатите етнички заедници во Република Македонија.
Пратеникот Груби кажа дека решението целосно го гарантира македонскиот јазик и идентитет и дека тоа треба да се очекува меѓу еден од предлозите на медијаторот Метју Нимиц кој не е отфрлен.
Слично
