Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОГОВОР ВРЕДЕН 46 МИЛИОНИ ЕВРА-Кинези ја купија српска Железара

ДОГОВОР ВРЕДЕН 46 МИЛИОНИ ЕВРА-Кинези ја купија српска Железара

Договор за продажба на Железара Смедерево со кинеската компанија Хестил потпишаа вчера српскиот министер за економија Желјко Сертиќ и претседателот на „Хестил“ Ју Јонг.

На потпишувањето на договорот присуствувал и срскиот премиер Александар Вучиќ, претставници од дипломатскиот кор и многу угледни личности од јавниот сектор на Србија.

„Хестил“ единствен дал понуда за купување на имотот на Железара по цена од 46 милиони евра која владата на Србија ја прифатила на 5 април.

Идниот сопственик во „Железара“ планира во таа фабрика да инвестира 300 милиони евра, да достигне максимално производство од 2,1 милион тони и да ги задржи сите 5050 работници.

Хестил е најголем произведувач на челик во Кина кој има годишен производствен капацитет од 50 милиони тони и вработува во светот повеќе од 120 000 работници.

Групата поседува 37 високи печки меѓу кои 23 високи печки имаат капацитет преку 1000 кубни метри, и во 2015 година произвела 47,8 милиони тони челик.

Железара Смедерево од 2012 година е во сопственост на државата, кога е откупена за еден долар од американскиот Ју ес стик кој се повлече од Србија кога после кризата на пазарот на челик почна да прави загуби.

Владата на Србија после продажбата на Железара ќе мора на Европската комисија да и доставува докази дека од Србија не се извезува челик од Кина кој е поефтин и ја нарушува конкуренцијата на пазарот на ЕУ. Исто така, според прописите на ЕУ е забрането државата да и помага на челичаната.

Слично

Поврзани вести