Економија, финансии, бизнис

Контакт

Договор или спогодба за „Јужен тек“ – Што потпиша Владата?!

Договор или спогодба за „Јужен тек“ – Што потпиша Владата?!

Министерството за финасиии ја објави Спогодбата за соработка при изградба на гасоводниот крак која беше потпишана на меѓудржавно ниво,  минатата недела и прво ќе се анализира, па во зависност од резултатите дали има економска оправданост -  ќе се одлучи од каде ќе протече руски гас во земјава.

„Ќе се изврши анализа, чија цел е одредување на техничката, економската, еколошката и финансиската оправданост на реализацијата на преоктот гасоводен крак и врз основа на нејзините резултати ја потврдуваат целисходноста на неговата реализација“ - пишува во Спогодбата која беше потпишана во Москва.

За СДСМ, ова е само потврда дека во Москава не е потрпишан никаков Договор за приклучување кон мега проктот – Јужен поток, туку спогодба за техничка оправданост на проектот.

„Спогодбата со Руската Федерација е општ документ, кој не гарантира гасификација на Македонија. Како што стои во член 2, страните извршуваат анализа за одредување техничка, економска, еколошка и финансиска оправданост на реализацијата на проектот гасовод – крак. Значи оправданоста не е утврдена, туку дополнително ќе се утврдува. Приклучната точка и трасата на гасоводот не се познати и дополнително ќе се утврдуваат“, изјави на вчерашната прес-конференција, потпретседателот на СДСМ, Дејан Манчевски.

Тој нагласи дека според член 5 целосно се исклучува Регулаторната комисија за енергетика од одредувањето на цената на гасот, што е во спротивност со Законот за енергетика и дека никој нема да може да ја контролира цената на гасот.

„Договорот кој го потпиша Република Македонија е стандарден договор и истиот го потпишаа сите земји кои влегоа во проектот “Јужен Тек“. Доколку СДСМ не верува во тоа, може да го побара и договорот од Србија, Хрватска или Австрија, да го спореди и потоа да ја информира јавноста. Така би било најчесно“, стои во реакцијата од владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Од Москва, по потпишувањето, премиерот Груевски објасни дека ова е само еден од серијата на договори кои ќе се потпишат за изградба на кракот преку кој земјава ќе се поврзе со Јужен поток. Трасата по која ќе минува кракот – ќе ја одреди Газпром. Во игра се Бугарија и Србија.

Дали Македонија ќе се приклучи кон „Јужен тек“ преку крак од Србија или од Бугарија, тоа не е прецизирано во Спогодбата, како што во повеќе наврати посочуваа и од Владата и од руската страна. Туку, трасата на кракот и неговата пропусна моќ, како и роковите на испорака на гасот, ќе се определуваат дополнително, со посебни договори од страна на основачите, а според нивна претходна економска пресметка.

За да се реализира нашето вклучување во „Јужен тек“, Македонија има обврска да обезбеди одредени земјишни парцели со средени имотни права, сигурно и стабилно снабдување со струја, давање на гасоводот-кракот статус на објект од национален интерес, поедноставување на царинските процедури и најповолен царински и даночен режим според македонското законодавство.

Слично

Поврзани вести