Економија, финансии, бизнис

Контакт

Догодина пак ќе имаме евтина струја преку ден?

Догодина пак ќе имаме евтина струја преку ден?
Од јануари следната година, кога стартува третата и последна фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија, граѓаните ќе добијат можност повторно да имаат дневна евтина тарифа за струја, пишува весникот „Дневник“. Од следната година либерализацијата започнува да важи и за граѓаните, кои ќе добијат можност самите да изберат од која фирма ќе се снабдуваат со електрична енергија. Во трка за потрошувачи, фирмите се подготвени да понудат поволни услови, а еден од нив е и враќање на дневната евтина тарифа, вели за весникот Кочо Анѓушев сопственик на „Енерџи деливери солушнс“ (ЕДС), една од фирмите која ќе снабдува на пазарот. Тој објаснува дека за да се привлечат потрошувачите ќе им бидат понудени услови различни од тие што ќе им се даваат во регулираниот пазар. Па, меѓу нив и можноста да користат дневна евтина струја, на пример, од 16 до 19 часот, наместо само ноќе како сега, кога реално и не ја користат. Во суштина, слично како и во други земји, ќе бидат понудени различни пакети, а корисниците ќе имаат можност да проценат и одлучат што најмногу им одговара според ритамот и количината на нивната потрошувачка, вели Анѓушев.
Слично

Поврзани вести