Додик: Во овој век народот од Србија и Република Српска ќе биде заедно
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, на одбележувањето на Денот на сеќавањето на воените злосторства кои Србите ги претрпеа во Хрватска изјави дека Србија и Република Српска во овој век ќе бидат заедно во територијална и државна смисла.
– Верувам дека во овој век српскиот народ поради страдањата во минатото ќе има право да биде заедно и тоа е сосема природно, истакна Додик во новосадската населба Ветерник на одбележување на Денот на сеќавањето на сите настрадани и протерани Срби во акцијата на хрватските воени сили „Бура“.

На одбележувањето во Нови Сад присустуваше и српскиот патријарх Иринеј, како и државниот врв.
Патријархот Иринеј посочи дека не смејат да веруваат во ничии добри намери и дека Србите го напуштиле просторот на денешна Хрватска бидејќи постоела закана сите да бидат убиени и тоа со помош на тогашната Меѓународна заедница. Тој рече дека во духот на православието треба да им се прости, но не и да им се заборави злосторот.
