Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додик вели дека сретнува многу луѓе кои од Западот сакаат да се вратат во Босна

Додик вели дека сретнува многу луѓе кои од Западот сакаат да се вратат во Босна

Говорејќи за заминувањето на луѓето од БиХ, српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), Милорад Додик кажа дека сè почесто сретнува луѓе кои сакаат да се вратат затоа што „Западот повеќе не е тоа што беше“, пренесува Кликс.

 Додик оцени дека Европа сега нема лидер како што беше eкс германската канцеларка Ангела Меркел.

„Мојот политички избор е ЕУ, но точно е дека сум помал ентузијаст од претходно. Многумина денес во Италија, Франција, Полска и Чешка, каде што има демонстрации, сакаат да излезат од ЕУ. Сигурно е дека не сакаме ЕУ да доминира над нас, туку мораме да бидеме партнери“, кажа Додик.

На прашањето како ќе се троши буџетот на претседателот на Република Српска, Додик одговори дека парите ќе бидат потрошени на важни работи како санација на училишта.

Слично

Поврзани вести