Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додик вели дека извештајот на Шмит во кој се споменува опасност од војна го пишувале муслиманите од Сараево

Додик вели дека извештајот на Шмит во кој се споменува опасност од војна го пишувале муслиманите од Сараево

Босна и Херцеговина е во политичка криза. 

За српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, вели дека 

извештајот на  високиот претставник Кристијан Шмит, го напишале муслиманите во Сараево и нивната разузнавачка служба, а Шмит само го потпишал. Шмит предупредува дека БиХ е во непосредна опасност од распаѓање и дека постои „многу реална” можност за нови конфликти. Но, по интервенција на Русија тој беше тргнат од дневниот ред за обраќање пред амбасадорите на највисокото безбедносно тело на светската организација. Додик вели дека тој извештај бил полн со лаги и невистини. 

Високиот претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит во извештајот што треба да биде доставен до Советот за безбедност на ОН предупреди на ризиците за стабилноста во Босна и Херцеговина предизвикани од босанските Срби.

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во недела ќе пристигне во официјална посета на Босна и Херцеговина, јави порталот Кликс.ба.

Слично

Поврзани вести