Додик се закани дека ќе отцепат 49 отсто од БиХ
Босанскиот политичар Милорад Додик на митинг пцуеше и се закануваше и рече дека еден ден ќе однесат 49 отсто од БиХ.
Претседателот на најголемата партија во Република Српска, СНСД, Милорад Додик, синоќа му упати порака на бошњачкиот лидер Бакир Изетбеговиќ и се закани со отцепување на дел од БиХ.
Вели дека „тие не се народ кој на другите ќе им држи лекции, кој мрази и сака нешто што не е нивно“.
Во Бања Лука, Република Српска се одржа собир под мотото „Татковината вика“ во организација на СНСД и владејачката коалиција.Собирот пред неколку дена го најави лидерот на СНСД, Милорад Додик, додавајќи дека ќе бидат донесени одредени позиции кои ќе бидат насоки, за тоа како ќе се движи политиката во наредните години, а ќе се работи и на зајакнување на субјективноста на Република Српска и враќање на надлежноста за избори на ниво на ентитет.
