Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОДИК СЕ СЛОЖУВА СО КОЛИНДА: Како тој гледа на БиХ?

ДОДИК СЕ СЛОЖУВА СО КОЛИНДА: Како тој гледа на БиХ?

Не е непознато тоа дека од просторот на Европа, најмногу имаше од Босна и Херцеговина кои припаѓаа на Исламската држава во Сирија, како и тоа дека овде имаше неколку терористички напади, изјавил српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик. 

Но, тој додал дека тоа не значи дека муслиманите се терористи, пренесува „Курир.рс“.

Додик вели дека не смета дека изјавата на Колинда е кажана офсајд и без врска.

„Тоа што ги знае работите од минатото најверојатно ја мотивирало да даде таква изјава“ – рекол Додик.

Џерусалем пост деновиве пренесе изјава на Колинда која за време на посетата во Израел кажала дека Босна и Херцеговина е нестабилна земја која ја контролира милитантен ислам.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изрази жалење поради, како што рече, претераната реакција од БиХ поради погрешно пренесената изјава на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Хрватскиот и босанскиот член на колективното Претседателство на БиХ, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, остро ја нападнаа хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ поради нејзината изјава пред израелските новинари дека БиХ е „под контрола на милитантен ислам“. 

фото ЕПА

Слично

Поврзани вести