Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додик се подготвува по стапките на Груевски да избега кај Орбан?

Додик се подготвува по стапките на Груевски да избега кај Орбан?


Веќе извесно време, лидерот на СНСД, Милорад Додик, оди по навидум нови патишта на политички ќорсокак, обележани со сецесионистички ставови, антизападна реторика и сето тоа придружено од ксенофобија и шовинизам.
Но, таков модел на однесување и особено изборот на меѓународни партнери веќе е виден. Развојниот пат на Додик сосема потсетува на оној на пребегнатиот македонски премиер Никола Груевски, кој од 2018 година се крие во Унгарија поради страв од затвор, уживајќи во придобивките од политичкиот азил, тврдат наодите на Балканската истражувачка мрежа. 

Груевски, како и Додик во последно време, веќе десет години гради блиски односи со унгарскиот лидер Виктор Орбан, кој се карактеризира со политичка поддршка, унгарски инвестиции и заедничка десничарска реторика. Истражувањето на Балканската истражувачка новинарска мрежа покажува и дека откако ВМРО ДПМНЕ премина во опозиција во 2017 година, унгарскиот капитал влегол во неколку интернет портали и една телевизија кои биле блиски до оваа партија. Тоа беа сопственици на компании кои изградија медиумски кариери и империи за време на владеењето на Орбан, јавно поддржувајќи ја неговата политика. Орбан беше и редовен гостин на Груевски и неговата партија ВМРО ДПМНЕ во неколку изборни кампањи. Во 2010 година, кога седна во премиерската фотелја, Македонија беше на списокот за посети на Орбан, со пофалби за работата на тогашниот премиер Груевски. Орбан во 2013 година го доби орденот „8 Септември“ од претседателот Ѓорге Иванов, во знак на благодарност до Унгарија за, како што рече тогаш Иванов, пријателскиот и принципиелен однос кон уставното име на Република Македонија. Интересно е што последната посета на Орбан на Македонија беше во 2017 година, за време на изборната кампања, заедно со словенечкиот премиер Јанез Јанша. Се разбира, може да се забележи истиот круг на политички партнери како и кај Додик.
„Кога македонската опозиција предводена од Зоран Заев дојде на власт кон крајот на пролетта 2017 година, бројни случаи на корупција беа отстранети од фиоките на судските институции, длабоко инкриминирајќи го Груевски. Се спомнуваа малверзации во врска со приватизацијата на банките, даночно затајување и многу слични работи за кои опозицијата во РС го обвинува Додик. Ден пред апсењето, Груевски заврши во Будимпешта, каде се уште ја ужива заштитата. Тој годинава започна и приватен бизнис во Унгарија и ужива статус на угледен бизнисмен. Во какафонијата на сецесионистичката врева од Бања Лука во последните недели и месеци, токму Виктор Орбан одеднаш стана првиот сојузник на режимот на Додик. Додека шпекулациите во медиумите потврдуваат дека српскиот претседател Вучиќ со Американците го договара отстранувањето на Додик од сцената, а долгонајавуваните средби со Путин повеќе изгледаат како уцена, Орбан се чини дека е единствената сигурна заштита. Стоте милиони евра наводна помош за РС за време на блокадите и најавените санкции може да се сметаат за постојано унгарско спротивставување на Германија, која инсистира на санкции, но и дава до знаење на кого може да се смета во Бања Лука кога ќе згусне. Кога ќе пукне сецесионистичкиот меур, добро упатените велат дека Додик нема да бега преку Дрина, ниту во студената Москва, туку во подножјето на Будим. Таму како што дознаваме веќе го чека луксузен имот. Тука е и азилантското друштво на Никола Груевски“ пишува мрежата.


Слично

Поврзани вести