Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додик: Република Српска кога ќе прогласи независност, ќе биде признаена од 15 земји во рок од неколку дена

Додик: Република Српска кога ќе прогласи независност, ќе биде признаена од 15 земји во рок од неколку дена

Босанскиот политичар Милорад Додик денеска повтори дека неговата цел е независна Република Српска од Босна и Херцеговина(БИХ), за што, тврди тој, се создава поволна меѓународна средина.

Појавувајќи се во програмата на Радио Телевизија на Република Српска, Додик, кој е и лидер на владејачката СНСД, рече дека има намера да продолжи да работи кон постигнување на оваа цел преку мирен политички процес.

„Мојата главна цел, независна Република Српска, не исчезна и сакам да ја постигнам оваа цел преку мирен политички процес користејќи го меѓународниот тајминг што се создава. Република Српска, кога ќе прогласи независност, ќе биде признаена од 15 земји во рок од неколку дена“, рече Додик.

Администрацијата на Доналд Трамп ги укина санкциите врз Додик и неговите блиски соработници кон крајот на минатата година. Тој е поканет и на молитвен појадок во Вашингтон организиран од американскиот претседател Доналд Трамп.

foto printskrin

Слично

Поврзани вести