Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додик повика Бошњаците, Србите и Хрватите да се „раздвојат на цивилизиран начин“

Додик повика  Бошњаците, Србите и Хрватите да се „раздвојат на цивилизиран начин“

БиХ е пропаднат проект, потребно е цивилизирано раздружување, вели 

Милорад Додик, српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина. 

Тој ова го изјави во интервјуто објавено во неделата во шпанскиот тиражен дневен весник El Mundo. Објаснува дека тие немаат политика на сецесија, но кога веќе БиХ не може да биде успешна држава, најдобро е да се раздвојат. Вели дека БиХ е пропаднат проект и дека најдоброто решение за оваа држава е Бошњаците, Србите и Хрватите да се „раздвојат на цивилизиран начин“.

„Во БиХ постојат три народа. Два од нив, Хрватите и Србите, се многу незадоволни. Муслиманите сакаат да создадат унитарна држава во којашто тие би биле доминантниот народ“, вели Додик.

Тој во повеќе наврати години наназад се заканува со отцепување на Република Српска и припојување кон Србија. Но, за ваквите идеи остро ги критикуваат од СДА, партијата на Бакир Изетбеговиќ. 

САД воведе санкции за Додик, но ова него не го загрижи. 

Слично

Поврзани вести