Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додик најави дека чека погоден момент за отцепување на Република Српска

Додик најави дека чека погоден момент за отцепување на Република Српска

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик чека вистински момент за да ја прогласи независноста на Република Српска. 

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Додик потврди дека отцепувањето на Република Српска му е најважна цел што се обидува да ја оствари и само го чека вистинскиот момент кога ќе го реализира тоа.

„Јас сум вечен стражар по ова прашање. Токму сега знам за некоја констелација на односи што може да се совпадне во светот, Европа, Америка. Доколку тоа се случи, истиот миг ќе прогласам независност“, додаде Додик во интервју за УНА.

Вели дека стравува само од тоа да не го „преспие” вистинскиот момент за отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина, а сегашната стратегија му е да покаже трпение за да избегне можна реакција на Западот на своите планови.

Тој се пофали со одржувањето добри односи со рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот Си Џинпинг, турскиот Реџеп Тајип Ердоган, како и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, сугерирајќи дека тие му се можни сојузници во спроведувањето на планот за отцепување. Додик и досега во повеќе наврати ја заговарал идејата за самостојна Република Српска, за што имаше реакции од ЕУ и САД. Партијата СДА остро се спротивставува на оваа идеја. Тие споменуваат дека отцепувањето може да доведе до нова војна. Додик ја нарече БиХ неуспешен експеримент. 

foto EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Слично

Поврзани вести