Додик ја навреди Каја Калас, ја нарече глупава
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик не бираше зборови за изјавите на високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Каја Калас.
„Со Каја Калас, ЕУ може само да се намалува, а не да се шири. Со нејзиното незнаење, ЕУ го згрози секој пристоен човек. Да прочиташе нешто, на пример Анексот X, немаше да испадне глупава и да се однесува како да не знае дали си заминала или пристигнала. Во ЕУ, чиј предводник е Калас, да останеше „Д“ од демократијата, немаше да го сметаат владеењето на правото со наметнувањето закони од страна на неизбран странец. Република Српска ќе расте дури и без Планот за раст, а ЕУ ќе се намали до безначајност сè додека Калас и другите Каји се таму“, порача Додик.
Калас рече дека е во интерес на Европската Унија Босна и Херцеговина да остане на европскиот пат, а функционирањето на земјата може да стане покомплицирано по оставката на високиот претставник Кристијан Шмит.foto printskrin youtube
