Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додик го „прогласи“ Аца Лукас за непожелен во РС поради фотографија со Насер Ориќ

Додик го „прогласи“ Аца Лукас за непожелен во РС поради фотографија со Насер Ориќ

Аца Лукас длабоко нè повреди сите нас во Република Српска со дружењето со Насер Ориќ, вели Милорад Додик, долгогодишен лидер на босанските Срби. 

Милорад Додик, претседател на СНСД, на социјалната мрежа X објави за фотографијата што се појави во јавноста.

На таа фотографија, поранешниот командант на Армијата на БиХ во Сребреница, Насер Ориќ, е заедно со контроверзниот српски пејач Ацо Лукас. До нив, на фотографијата е пејачот од БиХ Шериф Коњевиќ.

Таа фотографија привлече големо внимание од локалната и српската јавност, а Додик рече дека поради неа Лукас го изгубил целиот кредибилитет за настапите во ентитетот на БиХ, Република Српска, пренесува босански oslobodjenje.

„Злосторствата што Насер Ориќ и неговите војници ги извршија против српскиот народ во областа на Сребреница и Братунац беа монструозни, и затоа Лукас, фотографирајќи се со него, длабоко ги повреди потомците на жртвите и српскиот народ. По овој чин, Аца Лукас го изгуби кредибилитетот за каков било иден настап во Република Српска, особено на отворањето на зимската сезона во Јахорина“, напиша Додик.


Ориќ беше правно ослободен од обвиненијата за воени злосторства во Хаг, но и во БиХ.

Инаку, македонската полиција месецов го приведе Лукас во Кавадарци, затоа што имало неправилности, а тој немал дозвола за работа. Лукас прво велеше дека некој во Македонија има нешто против него, алудирајќи на власта, а потоа вети концерт во Скопје, од кој парите ќе бидат донирани на семејствата на загинатите во пожарот во Кочани.

фото Инстаграм

Слично

Поврзани вести