Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доделени 60 решенија за легализација во Прилеп, крајниот рок завршува на 31 декември

Доделени 60 решенија за легализација во Прилеп, крајниот рок завршува на 31 декември

Денеска беа доделени 60 решенија за легализација на бесправно израдени објекти.

-Како ресорно министерство и јас лично секојдневно го мониторираме процесот на легализација на бесправно изградените објекти и вложуваме  максимални напори  целосно да помогнеме на сите оние граѓани кои се засегнати со овој проблем.

Лично ме радува фактот што општина Прилеп е лидер во имплементација на Законот за постапување со бесправно изградните објекти. Во општината се легализирани вкупно 6500 објекти од вкупно поднесени 15 367 барања, изјави министерот Миле Јанакиески.

Крајниот рок за поднесување на геодетските елаборати завршува на 31. 12. 2015 година потсети министерот и ги повика сите оние кои не поднеле елаборат тоа да го сторат најбрзо што можат за општините навреме да ги изготват истите.

Досега се легализирани вкупно 105 706 објекти од вкупно поднесени околу 350 илјади барања.

-Морам да нагласам дека  Владата донесе законски измени со цел да им помогнеме на социјално ранливите семејства бесплатно да им изготвиме геодетски елаборати за и тие да можат да го почуствуваат бенефитите од овој процес, рече Јанакиески.

Досега се поднесени околу 900 барања за изработка на геодетски елаборати од оваа категорија на граѓани од кои околу 300 се веќе готови и веќе следната недела треба да им се доделат на граѓаните.

   
Слично

Поврзани вести