Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доделени 200 решенија за отпис на долгови во Велес

Доделени 200 решенија за отпис на долгови во Велес

Oд вкупно 42.000 барања кои беа пристигнати денеска во повеќе градови во земјава се поделени првите околу 200 одлуки за еднократен отпис на долговите.

„Едно крупно ветување што им го дадовме на граѓаните пред изборите за отпис на договите од денес станува реалност. Тоа уште еднаш покажува дека за Владата дадениот збор преставува обврска и тогаш кога многу не веруваа и тогаш кога некој политичари не напаѓаа дека само заради изборите го ветуваме тоа се покажа кој е во право“, рече Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финании на денешното доделување на решенија  за отпис на долгови.

Во Центарот за социјални работи во Велес биле примени 1.206 барања за отпис на  долговите а денеска таму се доделија 53 решенија Право на отпис имаа невработени лица, корисници на социјална парична помош, лица кои поради болест или смрт на близок член од семејството не можеле да ги подмират обврските за електрична енергија, радиодифузија, банкарски кредити и долгови кон извршители.

Слично

Поврзани вести