Додека во Скопје се намалува, во Битола се зголемува бројот на таксисти
Наспроти досегашните 230, сега максимални 400 возила ќе можат се лиценцираат за такси-превоз во Битола, откако општината одлучи да го зголеми бројот на предвидени лиценци.
Одлуката за зголемување надлежните ја објаснуваат со зголемен интерес од превозниците.
„Според сообраќајната студија изработена од Техничкиот факултет-Битола овозможено е да се искористат постоечките паркинзи за авто такси возила, дел да се дислоцираат, а дадени се и нови решенија. Знаејќи дека се лиценцирани околу 230 авто такси возила, бројката од максимум 400 возила со кои може да се врши авто такси превоз на патници на подрачјето на општината ќе ги задоволува потребите на превозниците. Воедно, секое такси возило задолжително треба да поседува важечки извод од лиценца за авто такси превоз на патници издаден од општината“, информираат од локалната самоуправа.
Секое авто такси возило задолжително ќе биде обележано со налепница која што ја издава општина Битола, и која го содржи серискиот број на изводот од лиценца за тоа возило. Таа ќе биде поставена од надворешната страна на задните врати.
Наспроти ова, минатата недела градските власти во Скопје одлучија да го намалат бројот на лиценци за такси-превоз за 200 автомобили, од сегашните 2.600 на 2.400. Оваа одлука се објаснува со намален интерес за извршување на оваа дејност, но и намален интерес кај граѓаните да го користат такси превозот. Повеќе за тоа на следниот линк:
На граѓаните им е скапо, а таксистите едвај го вадат лебот, чаре?
Слично
