Додека учениците протестираат МОН ќе ги наградува со парични награди
Ширум земјава во тек се средношколски протести против лошите реформи во средното образование.
Изминативе денови се протестираше во Скопје, Ресен, Куманово, вчера во Битола, денес по втор пат во Делчево.
„Потиснати од темните слики на општеството, застанавме на нозе свесни за она што се случува. Спремни за борба, борба со луѓето кои сакаат да не направат машини без мозок и интелигенција“, велат од Средношколскиот пленум.
Тие имаат две барања : укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот модел на државна матура.
И додека тие се назадоволни и бараат математика да не биде задолжителен предмет на државна матура од Министерството за образование објавија јавен повик за доделување на парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки, за учениците од основните училишта, како и јавен повик наменет за учениците од средните училишта во Република Македонија.
Како што стои во официјалното соопштение на МОН на нивната официјална страна на повиците можат може да се пријават ученици, заедно со наставникот кој ги подготвувал за натпреварот, кои освоиле прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки, во учебната 2014/15 година.
Повикот ќе трае до 30.06.2015 година а овој линк погледнете каде и како да аплицирате.
Се поставува прашањето дали на овој начин Министерството се обидува да ги купи учениците и да ги залаже да прекинат со протестите и преку парични награди ќе се обиде да си сокрие и замачка реалните проблеми во образованието?
