Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОДЕКА СВЕТОТ СТРАВУВА ОД ГЛАД, 25 МИЛИОНИ ТОНИ ЖИТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗВЕЗАТ ОД УКРАИНА! Уште една руска тактика

ДОДЕКА СВЕТОТ СТРАВУВА ОД ГЛАД, 25 МИЛИОНИ ТОНИ ЖИТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗВЕЗАТ ОД УКРАИНА! Уште една руска тактика

Речиси 25 милиони тони жито од Украина не може да се извезат поради инфраструктурни проблеми и блокирани пристаништа во Црното Море, изјави денеска претставникот на Агенцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО), Јозеф Шмидубер.

„Тоа е речиси гротескна ситуација што во моментов ја гледаме во Украина со речиси 25 милиони тони жито што може да се извезе, но не може да ја напушти земјата само поради недостаток на инфраструктура и блокада на пристаништето“, рече Шмидубер, на брифинг со новинарите во Женева, пренесува Ројтерс.

Министерството за земјоделство на Украина наведува дека извозот на житни култури одел преку алтернативни патишта на крајот на претходниот месец, но почетокот на мај донесе нови проблеми во пристанишните градови, што значително ја влоши ситуацијата.

За Украина, Одеса, Херсон и Миколајев се клучни пристаништа за меѓународните трговски текови, но тие се под постојана опсада на руските трупи.

Иако блокадата на стратешки клучните пристаништа на Црното Море и задава голем финансиски удар на Украина, оваа акција на Русија има последици за остатокот од светот.

Поради фактот што увозот на житарки од Русија беше суспендиран поради започнувањето на инвазијата на Украина, светот во голема мера зависи од украинскиот увоз.

Европската унија воведе пет пакети санкции кон Русија, додека шестиот и најтешкиот е во подготовка досега. Тоа подразбира и целосно ембарго на руската енергија, што значително ќе ја оштети руската економија.

Како еден од начините за спротивставување на санкциите на Унијата и САД, руските власти донесоа одлука да го оневозможат извозот на житарки од Украина, што ќе придонесе за зголемување на пазарните цени и за размерите на кризата со храна.

ФОТО: EPA/YAHYA ARHAB

Слично

Поврзани вести