ДОДЕКА СЕ ЛЕЕ КРВ СИТЕ ЗАРАБОТУВААТ: И покрај војната, трговијата со гас редовна, низ Украина тече руски гас за ЕУ
И покрај војната во Украина, има редовна трговија со гас, бидејќи и Москва и Киев сакаат да заработат, но и западните земји, наведува „Геополитика“.
Рускиот гас за членките на ЕУ продолжува да поминува низ украинската гасоводна мрежа. Од 24 февруари, кога започна руската специјална операција во Украина, ЕУ и плати на Русија над 35 милијарди евра за купениот гас.
Според тврдењата на агенцијата „Блумберг“, Украина најмалку еден месец од почетокот на војната редовно наплаќа од Русија за трансфер на гас во европските земји.
Русија заработува од продажба на гас во Европа за да може да војува против Украина, а Украина заработува од плаќање на трансфери за да може да војува против Русија.
Европа, од друга страна, и плаќа на Русија за да може да ја продолжи војната против Украина и Германија да може да ја одржува својата индустрија, вклучително и војната, за да може да профитира и финансиски да и помогне на Украина во војната против Русија.
Надвор од секаква логика на војна, има информации дека претставници на украинскиот дистрибутер на гас во САД и европските земји лобираат делот од рускиот гас што во Европа го транспортира германскиот гасовод Северен тек 1 да се пренасочи кон украинските гасоводи.
