Додека лидерите размислуваат за следниот чекор, Ховит, Вајгл и Кукан ќе го спасуваат Пржино
Синоќа во земјава пристигна европратеничката тројка Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан во мисија за спасување на договорот од Пржино.
Тие се овде веројатно за да извршат засилен притисок врз домашниот политички естаблишмент дека е неопходен консензус и да ги убедат политичките лидери дека е птребно одложување на изборите кои првично беа закажани за 24 април.
Инаку денеска е денот на кој ќе се одлучи дали ќе има решение на политичката криза која веќе подолг период ја дрма јавноста и ќе се одложат изборите или пак истата криза ќе се продлабочи.
Во заедничкиот извештај амбасадсорите на САД и ЕУ проценија дека не се испочитувани условите за избори на 24 април, а кои минатото лето ги потпишаа лидерите на четирите најголеми партии во земјава во Пржино. Амбасадорите наведоа дека избирачкиот список и медиумите остануваат главен проблем.
После извештајот на ЕУ и САД партиите повторно се судрија со спротивставени ставови.
СДСМ порачаа дека се согласуваат со меѓународната заедница и дека доколку тие избори се одржат би биле криминални со фантомски гласачи, а од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека САД и ЕУ не понудиле цврсти аргументи дека нема услови за избори во април.
До вечерва на полноќ е рокот кога пратениците ќе можат да ја поништат или изменат одлуката за распуштање на Собранието.. Доколку утре се распушти собранието тоа значи дека пратениците можат се состанат повторно само доколку се прогласи за вонредна или воена сосотојба. Поништување на одлуката би значело дека 62 пратеници треба да гласаат за тоа. Иницијативата може да ја поднесат најмалку 20 пратеници.
Македонија е пред клучен чекор за политичката разврска во земјава. Сега се е во рацете на политилките партии, на нив останува прашањето дали ќе излезе земјава од криза или ќе влезе во нова погубна за сите???
Иднината на Македонија никогаш не била понеизвесна од денес.
