Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додека го чекаме автопатот Миладиновци-Штип ќе никнат три нови патарини

Додека го чекаме автопатот Миладиновци-Штип ќе никнат три нови патарини

Додека граѓаните се уште се држат во неизвесност дали овој петок, неделава, до среда или кој знае кога ќе се пушти официјално во употреба новиот автопат Миладиновци – Штип за кој државата плати 200 милиони евра, ќе никнат нови три патарини.

На владина седница е одлучено да се изградат патарини на автопатите кај Демир Капија – Гевгелија, Миладиновци – Свети Николе и Свети Николе – Штип

Владата даде зелено светло и за можноста за електронска наплата на патарината со електронски бесконтактни смарт-картички и со билети за ненаплатена патарина со налог за плаќање.

Ова ќе биде дополнителен трошок за граѓаните, цените не се откриваат а во меѓувреме надлежните молчат околу пробиените рокови за автопатот Миладиновци – Штип.

Постојано се апелира возачите да не го возат тој автопат бидејќи се правеле проверки од безбедносен карактер.

Слично

Поврзани вести