Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додека Германија им ги отвора вратите, специјализантите во Македонија работат без плата и придонеси

Додека Германија им ги отвора вратите, специјализантите во Македонија работат без плата и придонеси

Револтирани од игнорантскиот однос на надлежните во Министерството за здравство и работејќи 60 часа во неделата без плата, придонеси и стаж лекарите специјализанти излегоа на протест.

Држејќи транспаренти во раце на кои со големи букви беше испишано „Германијо чекај не, доаѓаме“, „Плата за тато“ и многу други, тие од министерот Никола Тодоров побараа редовна плата, платени придонеси, укинување на мениците и лихварските договори.

Побараа да бидат преиспитани донесените одлуки и законски одредби со кои, како велат се загрозува нивната егзистенција.

Бурни реакции кај лекарите специјализанти побудија и новите законски измени кој се во најава а опфаќаат построги мерки за специјализација.

Најголем револт предизвика тоа што Тодоров најавил дека од 15 месецов колоквиумите, дипломските и магистерските испити ќе се снимаат што за специјализантите е дополнителен притисок при полагањето, но сепак порачаа дека нема да ја предат оваа борба за нивните права така лесно.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2014/12/23/lekarski-egzodus-placham-dodeka-pishuvam-no-makedonija-mi-go-odzede-dostoinstvoto/" target="blank" ]ЛЕКАРСКА ИСПОВЕД ОД ГЕРМАНИЈА: Плачам додека пишувам, но Македонија ми го одзеде достоинството![/button]

И додека Македонија измислува нови закони и посесивно ги партизира леркарите специјализанти и нивното достоинство во ветената земја-Германија ги ценат знаењето, вештините и односот кон клиентите.

Фактор неодамна имаше интервју со лекарка која токму поради погоре наведените причини одлучи да ја напушти земјава и да замине во Германија.

Нашата соговорничка тогаш ја раскажа својата приказна . Таа е една од 600 македонски лекари кои ја искористија  шансата за професионално и работно емигрирање барајќи ја својата перспектива и професионална сатисфакција во една од германските клиники.

За Фактор,  тогаш рече дека ни на крај памет  не и паѓа да се врати во Скопје од каде што и потекнува.

По завршувањето на студиите на Медицинскиот факултет во Скопје очекував дека ќе ми се отворат сите врати. Наместо тоа, тропав на многу врати, добивав секакви непристојни предлози во замена за решение за работа, барање пари, неизбежното зачленување во партија , но сите тие условувања за мене беа подеднакво навредливи. “ Камо порано да го учев германскиот”, ја прикажува за Фактор својата приказна  д-р Д.А.

Ви пренесуваме дел од интервјуто:

Фактор: Вие сте една од 600 лекари кои ја напуштиле Македонија во последниве две години барајќи ја својата перспектива во некои од европските и светски здравствени центри . Што за Вас беше пресудно да одлучите да заминете од земјата и веќе две години да работите како лекар-специјалист во една клиниките во Германија?

д-р Д.А : За човек кој што е пораснат во Скопје, од каде што потекнува моето семејство и каде ми се пријателите, каде што го завршив основното, средното и високото образование, и не сум била подолго разделена отколку за еден одмор, мора да признаам дека тоа беше најтешката одлука во мојот живот. Ама јас навистина немав друг избор. По завршувањето на студиите на Медицинскиот факултет во Скопје очекував дека ќе ми се отворат сите врати, па лекар сум, треба да ја извршувам најхуманата и најценетата дејност, но не знаев дека тоа ќе биде всушност почеток на проблемите.Следеа цели седум години обид да се вработам, конкурирав на сите можни објавени конкурси за работа, тропав на многу врати, одговорите беа различни: добивав секакви непристојни предлози во замена за решение за работа, барање пари, неизбежното зачленување во владејачката партија.

Ниту една од овие работи не ми паѓаше на крај на памет да ја направам и сите ми беа подеднакво навредливи. Во меѓувреме започнав со приватна специјализација (Приватна специјализација – значи дека сама се финансирав, а само специјализацијата чини 8000-10000 евра, плус секојдневните трошоци за храна и превоз), што уште повеќе ги отежнуваше условите за вработување, затоа што не смеете да работите како матичен лекар додека специјализирате.

Севкупниот мој живот, не само образованието, на мои 30 години со завршено високо образование, и тоа Медицински факултет, сеуште беше на грбот на моите родители. Подоцна работите се сменија, татко ми ја напушти работата, па од финанскиски аспект специјализацијата не можев да ја завршам, работа не можев да најдам, седев дома.

Фактор: Бројката на македонски лекари кои ја напуштаат земјата во континуитет расте. Според одредени информации само од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и Градската општа болница 8 Септември во последниве два месеци си заминале 20 тина лекари барајќи ја својата иднина во западноевропските земји. Зошто македонските лекари перспективата првенствено ја бараат во Германија?

 д-р Д.А: Првенствено во Германија постоеше навистина голем дефицит на лекари, што веќе не е случај. Поради тој дефицит можноста за вработување беше навистина голема, се што ви требаше е познавање на германски јазик ниво „Б2“, и толку. Нашата диплома ја нострифицираа без проблем, што е главниот фактор поради кој сите лекари работа бараат токму тука, со тоа сто дозволено ви е да работите само во клиниката која ве ангажира, не смеете да работите самостојно и мора да полагате, во догледно време, испит кој е еквивалент на нивниот државен испит со цел да добиете Апробација.

Toa e дозвола за самостојна работа на целата територија на Германија. Taa потоа станува лиценцирана и за Швајцарија и Австрија. Сега веќе условите малку се посложени.

Фактор: Неодамна бевте во Скопје со единствена цел да специјализирате. Сега иако сте веќе лекар специјалист, сепак не се одлучувате да се вратите и да ја барате својата иднина во некои од болниците во Македонија. Зошто?

д-р Д.А: Специјалистичкиот испит го положив за лична сатисфакција, после сите перипетии, инвестирани труд, време и финансии, сакав да го завршам тоа поглавје, иако тука тоа не игра никаква улога. Можеби некогаш ќе се вратам во Македонија, не знам. Иако додека тука во Германија е така како што е и таму во Македонија е така како што е, не ми пага на крај на памет.

Единственото место каде што се кршат сите копја е семејството. Сега за сега тоа е единственото нешто што би ме вратило назад. Времето тече, не чека никого па ни мене, внуците мои растат, а јас тоа го пропуштам. Го пропуштам времето со моите родители, со сестра ми, со пријателите. Тоа ми е најголемата болка. Тоа знае да ме буди во сред нок и тогаш солзите почнуваат да течат и не престануваат. Ги бркам мислите, ама не бегаат.

Еве и сега се расплакав, па ќе завршам тука.

Целото интервју прочитајте го тука!

Слично

Поврзани вести