Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додека е туризмот, нема зима за Хрватска

Додека е туризмот, нема зима за Хрватска

Во Хрватска во првите четири месеци од оваа година во туризмот е остварен приход од 756 милиони евра или 21 одсто повеќе од истиот период минатата година.

Се работи за секторите кои овозможуваат сместување и исхрана, како и патнички агенции и организатори на патувањето, известуваат од Минстерството за туризам, пренесува Б92.

Во Министерството истакнуваат дека има раст на приходите во туристичките сегменти, посебно во хотели, кампови и ресторани, позитивен знак за резултати од предсезоната, како и целата пртстојна туристичка година.

Според сегментите, најголем приход е забележан во активностите на обезбедување на сместување во хотели и слични објекти, во кои се остварени 2,34 милијарди куни приход или 55 одсто повеќе од лани.

Растот на приходите се бележи и кај одмаралиштата, како и во објектите за краток одмор, од 75 одсто, додека е во пораст тој, во однсо на ланскиот период, во камповите 58 одсто, во секторот на подготвувања и послужувања пијалок девет одсто, а во рестораните четири одсто.

Слично

Поврзани вести