Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОДЕКА БИТКОИНОТ ТОНЕ: Русија создава конкурент-дигитална рубља

ДОДЕКА БИТКОИНОТ ТОНЕ: Русија создава конкурент-дигитална рубља

Пристигнува дигиталната рубља. Русија лансира прототип на криптовалута а по што ќе се разликува од биткоинот?

„Само што објавивме извештај за препораките заедно со концептот на дигитална рубља“, рече првиот заменик гувернер на централната банка, Олга Скоробогатова, на состанокот на работната група на Комитетот за финансиски пазар на Државната дума, пренесува Раша Тудеј.

Таа исто така изјавила дека монетарниот регулатор ќе развие прототип крипто платформа до крајот на годината и ќе го следи пазарот за да ги испланира следните фази на проектот.

Веста дека Централната банка на Русија ќе лансира прототип на дигиталната рубља до крајот на тековната година, нешто што го потврдила највисоката руска монетарна институција го обиколи светот.

Новата форма на пари се очекува да коегзистира со готовина и безготовински рубљи. За разлика од виртуелните валути како што е биткоинот, дигиталната рубља е дизајнирана да го минимизира ризикот, затоа што ќе биде издадена од државниот регулатор на пари и ќе биде поддржана од традиционални пари.

Најновото истражување, спроведено од Центарот за истражување на финансиски технологии и дигитална економија во Сколково, покажа дека приближно половина од учесниците во истражувањето ја поддржуваат идејата за дигитална рубља, додека скоро 40 проценти од испитаниците биле против.

Во меѓувреме што се случува со биткоинот?

Според најновите информации, вчера вредност на биткоинот беше 31 400 американски долари.

По најновите турбуленции на пазарот на криптовалути, се очекува натамошен пад. Пазарот на криптовалути се проценува дека претрпел загуба близу трилиони долари.

Биткоинот во средата изгуби скоро третина од својата вредност, паѓајќи на најниско ниво оваа година, бидејќи веста за понатамошно ограничување на трансакциите со дигитални валути во Кина предизвика голема продажба на пазарот на криптовалути.

На вредноста на биткоинот значително влијаеше одлуката на Илон Маск дека компанијата „Тесла“ повеќе не прифаќа биткоин како платежно средство.

Останатите криптовалути исто така забележаа голем пад на вредноста, а вредноста на Dodgecoin падна за скоро 50% на околу 0,24 долари.

Вредноста на целиот пазар на криптовалути претрпе загуба од стотици милијарди долари.


Слично

Поврзани вести