Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЦНА ВЕЧЕРВА СИНДИКАТОТ СО УШТЕ ЕДНА ПОРАКА ДО ВЛАДАТА - што ќе донесе утрешната средба

ДОЦНА ВЕЧЕРВА СИНДИКАТОТ СО УШТЕ ЕДНА ПОРАКА ДО ВЛАДАТА - што ќе донесе утрешната средба

Синдикатот доцна вечерва прати уште една порака до власта, воочи утрешната средба со властите на која ќе се разговара за нивното барање.

„Минималната плата на работниците скапо може да ги чини Владата и пратениците - како цените по продавниците“, напишаа од ССМ во својата објава на фејсбук.

Како што веќе пишувавме, тие објавија и дека како од пратениците така и на утрешната средба во Владата работниците очекуваат позитивен одговор на предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати согласно Колективен договор и Закон и регрес за годишен одмор за работниците во јавниот сектор веднаш, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија.

„Во оваа ковид, економска и енергетска криза потребно е зголемување на платите, а тоа го покажува и анализата на еминетните професори која покажува дека зголемувањето на минималната плата нема негативен ефект врз фирмите и не влијае врз намалувањето на нивната профитабилност. Напротив, со растот на платите на вработените, кај нив се зголемува мотивацијата, а со тоа и продуктивноста со што не се забележуваат промени во профитабилноста на фирмите или дека за да се зголеми продуктивноста треба да се зголеми минималната плата, а со тоа ќе се зголеми и додадената вредност на фирмите, односно БДП. Согласно аргументите, анализите и фактите, бараме во понеделник да се прифатат барањата на работниците кои се егзистенцијални и неопходни за да се преживее оваа криза“, соопшти синдикатот.

Слично

Поврзани вести