Доброволецот ранет во Донбас, пристигна во Хрватска
Хрватскиот државјанин кој беше ранет на украинското боиште во регионот на Харков синоќа дошол во Хрватска. Транспортот на Хрватот го обезбедија Министерството за надворешни и европски работи и Министерството за здравство. Доброволецот е хоспитализиран во болницата Дубрава, јавува Дневникот на ХТВ.
Хрватот на новинарот на ХТВ му рекол дека се чувствува добро и дека со сето срце отишол да му помогне на украинскиот народ, но за жал не мислел дека ќе биде ранет. За повредите зборуваше д-р Крешимир Матиќ, раководител на Клиниката за пластична, реконструктивна и естетска хирургија во Универзитетската болница во Дубрава.
„Пациентот е примен на Клиниката за пластична хирургија Дубрава со тешки телесни повреди, но е надвор од животна опасност. Има тешки телесни повреди. Станува збор за повреди на раката и ногата, но пациентот е стабилен. Во тек е дополнително лекување. Веројатно ќе треба да се планира операција, а опоравувањето ќе зависи од текот на операцијата и видот на повредата“, изјави д-р Матиќ за Дневник на ХТВ.
