Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Ниските цени на горивата ќе се задржат и идната година

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Ниските цени на горивата ќе се задржат и идната година
Светските аналитичари прогнозираат дека и идната година ќе се задржи ниската цена на нафтата на светските пазари што пак секако ќе се одрази позитивно врз џебот на сите потрошувачи. Според нив една од причините е економска, односно земјите од ОПЕК сакаат да ја задржат цената на ниско ниво за да ги забават истражувањата и обесхрабрат американските компании во напорите за производство на нафта од шкрилци. „Дури и да дојде до поголемо зголемување на побарувачка од земјите чија економија интензивно се развива, тоа нема многу да влијае во однос на цената“, сметаат експертите. Втората причина е од политички карактер односно цели кон намалување на моќта на Русија. Иако е тешко да се предвиди, сепак може да се очекува зајакнување на доларот. Бидејќи цената на суровата нафта зависи од курсот на доларот главно кон еврото, тоа можеби и нема да се одрази на цените на горивата кај нас. Со овие претпоставки може да се заклучи дека постојат сите предуслови да веруваме дека ниските цени на бензините ќе се задржат можеби цела година.
Слично

Поврзани вести