Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОБРИ ПЛАТИ - еве кои наставници се меѓу најдобро платените во Европа

ДОБРИ ПЛАТИ - еве кои наставници се меѓу најдобро платените во Европа

Германските професори се меѓу најдобро платените во Европа. Ним им се придружуваат наставници од Холандија, Луксембург, Австрија, Турција и Швајцарија, се вели во извештајот на Европската комисија, како што пренесува германската новинска агенција (dpa).

Извештајот се однесува на почетни плати во минатата и во 2021 година.

Наставниците во овие шест земји добиваат 34.000 таканаречени стандарди за куповна моќ (ППС) или повеќе годишно.

Еден СКМ, кој се користи за подобра меѓународна споредба, е еднаков на едно евро ако се претпостави дека цените на храната, киријата и другите трошоци се исти низ целата Европска унија.

Почетните плати во Германија се особено високи - од 50.000 СКМ годишно за сите нивоа на образование, се додава во извештајот.

Од друга страна, најслабо платени наставници се во Бугарија, Грција, Латвија, Унгарија, Полска, Романија и некои други земји каде платата е под 20.000 СКМ годишно.

Извор: Феникс магазин

Слично

Поврзани вести