Економија, финансии, бизнис

Контакт

Добрево и Тораница под стечај: Рударите очајни, згаснаа два рудника!

Добрево и Тораница под стечај: Рударите очајни, згаснаа два рудника!

Околу 1000 работници останаа без работа откако Основниот суд во Штип прогласи стечај во рудниците за олово и цинк Добрево и Тораница.

Рудниците се во сопстственост на индиската компанија „Индоминерали и метали“.

Работниците ќе добиваат месечен надомест најмногу 18 месеци во зависност од работниот стаж.Оние кои не примиле плата четири месеци, а индиската компанија речиси година дена не плаќала концесија.

Банкарските сметки на компанијата се блокирани за околу 1,9 милиони евра , а се проценува дека вкупниот долг на компанијата „Индоминерали и метали“ е околу осум милиони евра.

Министерството за економија го раскинало договорот за концесии со оваа индиска компанија.

Стечајната постапка над рудниците во кои се ескплоатира олово и цинк ја покрена скопската фирма „Автотехна“, а на  нејзиното барање се придружиле тројца доверители.

Рудиците Тораница и Добрево биле затворени ди 2002, но во 2006 година ги покрена индиската компанија.

Слично

Поврзани вести