ДОБРА ВЕСТ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Германија ќе ја зголеми минималната плата
Германија ја зголемува минималната плата.
Државата постепено ќе ја зголемува минималната плата по час на 14,60 евра од сегашните 12,82 евра до 2027 година, според предлозите на владината комисија, кои се објавени денеска. Планирано е минималната плата по час да се зголеми на 13,90 евра на почетокот на 2026 година, а од лани, Германија има највисока минимална плата во Европската унија, по Луксембург, кој пропишува месечен минимум од 2.638 евра. Три други држави од ЕУ имаат национална минимална плата над 2.000 евра месечно – Белгија, Холандија и Ирска, објавува Ројтерс. Овој предлог на комисијата, која ја сочинуваат работодавачи и претставници на синдикатите, мора да го спроведе германското Министерство за труд. foto freepik.com
