ДОБРА ВЕСТ: Македонците ги нема на списокот меѓу најбројни баратели на азил во ЕУ
Македонските државјани ги нема на листата на најбројни баратели на азил во земјите-ќленки на Европската унија за 2013 година, покажуваат најновите податоци на Евростат.
Според нив, 435 илјади луѓе побарале азил во ЕУ во 2013 година, што е за 100.000 повеќе отколку во претходната 2012 година. Најголем број од овие барања, речиси 30%, биле поднесени во Германија, а потоа следуваат Франција, Шведска и Велика Британија.
Меѓу барателите, најбројни се Сиријците и Русите, на кои отпаѓаат речиси една четвртина од вкупниот број поднесени барања, но на листата се и жителите на Србија, Пакистан и Косово. За првпат по почетокот на визната либерализација Македонците не се на листата на топ 3 баратели на азил во ниту една од земјите-членки на ЕУ.
Србите се најбројни баратели на азил во Германија, жителите на Косово се први во Луксембург и Унгарија.
Слично
