Економија, финансии, бизнис

Контакт

Добивките на странските компании ги „набилдаа“ инвестициите во земјава

Добивките на странските компании ги „набилдаа“ инвестициите во земјава

Нешто над 137 милиони евра изнесуваат свкупните директни инвестиции во земјава во првите три месеци годинава. Значи во првиот квартал евидентирани се толку пари по овој основ, а има зголемување на нето-приливите кај сите компоненти. Сепак најголем дел од средствата не се однесува на влез на нов свеж капитал туку на то ашто посточеки компании ја реинвестирале добивката во земјава. По таа основа како директни инвестиции во овој период се водат 86,3 милиони евра. Меѓукомпанискиот долг е 30,5 милиони евра и сопственички капитал за 20,5 милиони евра.

Сумата од 137, 3 милиони евра колку што се директнит еинвестиции во првиот квартал се значано повеќе од резултатот од првиот квартал лани кога по овој основ влегле 49 милиони евра.

Инаку во текот на цела 2019 година вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 326,3 милиони евра. Од нив 219,9 милиони евра се нето-приливи по сопственички капитал, 101,8 милиони евра се нето приливи по реинвестирана добивка и 4,5 милиони евра по должнички инструменти.

Ова е лош резултат ако се споредува со годината пред тоа односно со 2018 година кога имаше своевиден рекод во овој поглед односно во тој период влегоа во земјата странски инвестиции вредни дури 624 милиони евра.

2019  година  326,3 милиони евра

2018 година   624,49 милиони евра

2017 година  181,73 милиони евра

2016 година  338,43 милиони евра

2015 година  216,72 милиони евра

2014 година   205,14 милиони евра

2013 година   252, 20 милиони евра

Вчера за резултатот од годинава се пофали и министерката за финансии Нина Ангеловска иако сепак сумата не се должи на влез на нов капитал.

А.Т.

Слично

Поврзани вести