ДОБИВКАТА НА NIKE ПАДНА: Купувачите се вртат кон Adidas
Nike и понатаму доминира во Северна Америка, на неговиот најголем пазар, а аналитичарите кажуваат дека малку заостанува зад германскиот Adidas и домашните конкуренти како што е Under Armour.
Nike во изминатото тромесечје оствари добивка од 846 милиони долари, 2,2% помалку во однос на истиот период лани. Најголемиот светски произведувач на спортска опрема се потешко ја брани својата позиција од Adidas и други ривали.
Затоа во вторник по објавување на извештајот за работа, цената на акциите на Nike падна над 4% или тоа е губиток од над 15% од почетокот на годината.
Според извештајот приходите на Nike пораснале за фискалното тромесечје заклучно со крајот на мај, за 6% во однос на истиот период лани на 8,24 милијарди долари, а аналитичарите очекуваа 8,28 милијарди долари.
Приходот на Nike од странските пазари под притисок на високиот курс на доларот, лошо влијае на сите американски мултинационални компании, бидејќи ја намалува конкурентноста на цената на нивните производи на странските пазари.
„Купувачите се вртат кон Adidas, кој ги враќа изгубените позиции, а некои американски трговци даваат предност на ривалите на Nike“-вели Брајан Јарбуг, аналитичар.
Nike во деловната година до мај 2017 година очекува раст на приходите со високи стапки, а Adidas проценува дека неговиот приход ќе се зголеми од 10 до 12%, благодарение на големите спортски настани, како што се Европската фудбалско првенство и Олимписките игри.
