Економија, финансии, бизнис

Контакт

Добивката на „Макстил“ зголемена за повеќе од осум пати

Добивката на „Макстил“ зголемена за повеќе од осум пати
Во првите три месеци од годинава, гигантот за челик „Макстил“ остварил нето добивка по оданочување од околу 7,8 милиони денари (126 илјади евра), покажа најновиот извештај што компанијата го достави до Македонската берза. Оваа добивка е за повеќе од осум пати повисока од онаа што компанијата ја оствари на почетокот на минатата година. Периодот јануари-март 2013 Макстил го заврши со нето добивка по оданочување од само 936 илјади денари (околу 15 илјади евра). Приходите од продажба на компанијата во првото тримесечје од 2014 година се намалиле на домашниот пазар, но пораснале на странскиот.
Слично

Поврзани вести