Економија, финансии, бизнис

Контакт

Добивката на „Македонијатурист“ падна за половина милион евра

Добивката на „Македонијатурист“ падна за половина милион евра
Оперативната добивка на компанијата е намалена за 26,1 милиони денари во првото полугодие односно дури 32 отсто во споредба со првите шест месеци лани  „Македонијатурист“, најголемата угостителско-хотелиерска компанија во земјава, изгубила 44,6 милиони денари (околу 700.000 евра) приходи за првото полугодие годинава во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните неревидирани податоци од билансот на успех на таа компанија објавени на Македонската берза. „Македонијатурист“ во првиот период годинава има пад на приходите за 20 отсто во споредба со истиот период лани. Годинава приходите во првите два квартали изнесуваат 181,7 милиони денари (околу 3 милиони евра) што значи дека просечно месечно заедно хотелите на групата „Македонијатурист“ имале приходи од 500.000 евра. Податокот за работењето на „Македонијатурист“ не кореспондира со податокот за Заводот за статистика според кој во првата половина на годинава има раст на бројот на странски туристи во земјава и особено во Скопје. Тоа значи дека голем дел од странците веројатно одбираат хотели за сметсување со пониски цени. Тоа можеби значи дека хотелите на „Македонијатурист“ добиваат се посилна ценовна конкуренција од другите нови хотели особено во централното градско подрајче. Ова е претпоставка која не може детално да се провери заради тоа што немаме увид на приходите пооделно по хотел, но се знае дека најголеми генератори на приходи на оваа компанија се трите хотели во централното градско подрачје „Холидеј Ин“ и „Бествестерн“ и „Карпош“. Овде мора да се истакне дека расходите на компанијата се намаелни, но со понизок интензитет од падот на приходите на компанијата што значи дека менаџментот и понатаму треба да го решава предизвикот на фиксните трошоци и да наоѓа начини за оптимизација и за рационализација. На страната на добивката „Македонијатурист“ бележи профит од 78,35 милиони денари ( близу до 1,3 милиони евра) и тука бележи послаб резултат за 30 отсто во спредба со лани односно за 31,6 милиони денари (околу 500.000 евра). Овде мора да се истакне дека од оперативното работење добивката на компанијата изнесува 55,5 милиони денари наспроти сумата од 81,6 милиони денари остварена лани истито период. Многу е значајно тоа што оваа компанија остварува голем дел од својот профит од камати и вложување во државни хартии од вредност. За периодот од половина година по тој основ компанијата профитирала 23,8 милиони денари (околу 386.000 евра). Лани од камати компанијата профитирала  31,7 милиони денари што значи дека годинава по истиот основ добивката е пониска за 22 отсто односто за 114.000 евра. Во недостиг на официјални информации снижувањето на профит по таа основа укажува на две можности. Или компанијата орочила односно купила хартии од вредност со помалку пари од лани што ќе значи дека повлекувала пари за други потреби значи ја снижила ликвидноста. Или пак го променила режимот на орочување на средствата заради што добила пониски каматни стапки, со цел во секое време да може да ги има на располагање тие средства што значи дека на кратки рокови компанијата можеби се соочува или очекува да се соочи со брзи и значајни промени во нејзиното деловно опкружување. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести