Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОБИВКА ИЛИ ЗАГУБА ЗА ГРАЃАНИТЕ? Променет е моделот на раст на пензии и социјална помош!

ДОБИВКА ИЛИ ЗАГУБА ЗА ГРАЃАНИТЕ? Променет е моделот на раст на пензии и социјална помош!
Владата целосно го промени моделот по кој се пресметува зголемување на пензиите и на социјалната помош. Наместо раст според трошоци на живот и пораст на платите, пензиите и социјалната помош Владата ги зголемува линерно за 5%. Дали на овој начин корисниците  имаат добивка или загуба? За исплата на социјала и пензии – 2 милијарди евра! Од јули следната година околу 35 000 социјалци и  5 800 корисници на постојана парична помош ќе добијат за 5 отсто повисоки исплати. Владата потврди дека догодина се зголемува износот за социјална парична помош. Пресметката за ова зголемување повеќе нема да се прави врз основа на растот на трошоците за живот, поради што беше изменет и дополнет Законот за социјална заштита. Во исто време, и зголемувањето на пензиите повеќе не е врз основа на порастот на трошоците на живот и растот на платите. Пресметка за исплата на социјалната помош и пензиите, без вклучени трошоци за живот, веќе е утврдена и за новата буџетска 2015 та година. “Во буџетот предвидени се средства за редовно и навремено исплаќање на обврските по основ на правата од социјална заштита на ранливите категории на граѓани при што во  рамките на истите ќе биде реализирано зголемувањетоза 5% на социјалната помош почнувајќи од јуни, со исплата во јули 2015 година.“ – пишува во Буџетот за 2015 та година. Според аналитичарите, во последните неколку години се извршени серија на законски измени поврзани со начинот на кој се пресметува зголемувањето на пензиите и социјалните надоместоци. “Според првичното решение, при растот на пензиите  80% удел имаа трошоците на живот а 20% растот на платите на ниво на земјата.. Подоцна оваа Владата го  промени овој сооднос на 50% со 50%. Усогласување се правеше два пати годишно, еднаш во јануари и еднаш во јуни. “ – објаснуваат економистите. До година, во новиот Буџет се планирани повеќе од 1,3 милијарди евра за исплата на социјалните трансфери. Во однос на годинава,сумата за оваа ставка во 2015 та е зголемена за 63 милиони евра. За исплата на пензии во буџетската 2015 та година се планирани 741 милион евра. Партиски препукувања – кој добива а кој губи со новите пресметки? Опозициската СДСМ и владечката ВМРО-ДПМНЕ со жестоки меѓусебни реакции за тоа дали ова решение за пресметка на зголемувањето кое веќе важи и за пензионерите ќе биде на штета на корисниците. Од СДСМ сметаат дека растот од 5% нема да значи ништо во состојба кога се очекува инфлација, односно раст на цените на годишно ниво и од 2%. “Овие 5% во реални бројки значат 100 денари повеќе за примателите на социјална парична помош. Граѓаните нема да можат да си купат ни дополнителен килограм грав во текот на еден месе. За примателите на постојана парична помош зголемувањето е околу 250 денари или килограм сирење во текот на цел месец. “ – изјави Мила Царовска. Одлуката за зголемување на социјалната и постојаната парична помош за 5 проценти, наместо усогласувањето на помошта со трошоците на живот е донесена во интерес на корисниците, со цел тие да добијат поголем износ на помош од државата - реагираа од  ВМРО-ДПМНЕ. “Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ следејќи го движењето на висината на трошоците на живот константираше дека доколку се вршеше усогласување на социјалната парична помош со висината на трошоците на живот, тогаш би се постигнал понизок износ на корекцијата на социјалната парична помош. Оваа одлука за зголемување на социјална парична и постојаната парична помош наместо нејзино усогласување беше донесена по направените анализи од добиените податоци од Државниот завод за статистика за движењето на трошоците на живот“ – сметаат од владечката партија. Сепак, дел од економистите што ги консултираше “Фактор“ велат дека ваквото решение можеби ќе биде во интерес на корисниците, но само краткорочно, ако се анализира стапката на инфлација, односно поскапувањата. “Проблемот е во тоа што на ваков начин, навистина пензиите се зголемуваат за 5% , но мора да се каже дека се зголемува вкупната маса за исплата на пензиите а пензионерите лиенарно ќе добијат исто зголемување, без разлика од која категорија се. Така, на пример и оние со помали примања добија по 600 денари, и оние со повисоки пензии добија ист така зголемување од 600 денари. Втората димензија е што во ова зголемување од 5% што Владата си го “препишува“ на себеси, треба да се пресмета и инфлација, потоа растот на платите.“ – коментираат познавачите. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека ако наместо зголемување на социјална парична помош и пензиите, се применеше повторно усогласување со порастот на трошоците на живот, корекцијата на износот на социјална парична помош немаше да изнесува ниту 1 процент. Според пресметките на партијата од 2006 та година до сега висната на социјалната помош се зголемила во просек за 47% а на надоместокот за туѓа нега, во истиот анализиран период, висината пораснала за 32%. За две години Законот за социјална помош е е променет седум пати, а една од измените е моделот за пресметка за сцијална помош. Честите измени на законите ги направија корисниците зависници од Владата, сметаат од СДСМ. “Непланските и несоодветни измени ги збунија граѓаните кои треба да ги користат социјалните бенефиции, им ги скратија загарантираните права и ги направија зависни од волјата на Владата“ – оценија од опозициската партија. Во земјава има близу 300 000 пензионери и скоро 41 000 корисцници на социјална и постојана парична помош.
Слично

Поврзани вести