Економија, финансии, бизнис

Контакт

Добивал тендери од власта, сега стана владин директор

Добивал тендери од власта, сега стана владин директор

Амет Имери е назначен за в.д. директор на Бирото за регионален развој, државен орган под Министерството за локална самоуправа. Станува збор за истиот човек кој во 2015 со неговата фирма добил тендер за психолошки тестови за кандидатите за наставници и професори од основното и средното образование.

Имери од Теарце на оваа функција доаѓа на местото на Даут Мемиши, кој сега е градоначалник на истата општина откако на локалните избори победи како кандидат од редовите на „ВЛЕН“

Новоизбраниот директор Имери бил сопственик на фирмата „Флуент“  која своевремено од Министерството за образование го добила тендерот од 76.000 евра за да ги прави сега веќе укинатите психолошките тестови, инаку тогаш како новововедени.

„Флуент“ било основано во 2012 од организацијата Исламскиот младински форум, а директор бил Амет Имери. Четири месеци пред да го добие тендерот од Министерството за образование, Амет Имери станува сопственик.

За полагањето на тестот на личноста при полагање на стручниот испит, приправниците во основните и во средните училишта плаќале по 3.500 денари, бидејќи трошоците за процената на карактеристиките паѓале на товар на приправникот.

Психолошките тестови како услов за вработување во администрацијата, но и за именување раководни кадри во институциите се укинува во 2018 со законски измени. Самото носење на законот за психолошки тестови 2011 година од тогашната влада, како услов при вработување во администрацијата беше многу контрадикторно и предизвика големо внимание во јавноста.

Работата на Бирото за регионаен развој, каде што сега Имери е директор, е подобрување на развојот на различни региони и локални самоуправи, особено оние со специфични развојни потреби, а проектите по спроведени повици што ги одобрува, годишно чинат десетина милиони евра и повеќе. “Буџетот” што го има БРР е составен од повеќе извори — државни, локални, европски, донации — што значи дека вкупната сума варира годишно.


А.К.

Слично

Поврзани вести