Добила отказ во фризерница и заминала во Ирска
Откако во март годинава добила отказ од фризерски салон во Ријека, фризерката Марина Рогиќ заминала за Даблин.
Иако никој не верувал дека ќе заминат, тие собрале пари, го продале автомобилот, купиле билети и отишле во странство.
Пред да заминат Рогиќ работела неколку месеци како келнерка за да соберат пари.
Се одлучиле за Ирска затоа што многу познаници им ја препорачале земјата, а за живот во Загреб не ни размислувале затоа што сметаат дека нема да ги остварат своите цели.
Десет дена по пристигнувањето во Ирска нашле сместување и работа.
„Најдов работа по струка и работам во два фризерски салони. Таму сум ангажирана со скратено работно време, а во еден од салоните една од вработените ќе си замине и ми ветуваат полно работно време. Работам пет дена неделно со 40 часа. Сите се фини и досега не се случило некој да биде безобразен со мене“ - раскажува Рогиќ.
Нејзиниот сопруг се вработил во бар, и иако англискиот јазик не му оди најдобро, сепак колегите се трудат да му помогнат.
Двајцата велат дека првите месеци се најтешки, но барем знаат што сакаат, а тоа е подобра иднина.
