Доби награда Златен лав за мир, но состојбата на Косово го спречи лично да ја земе
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ не отпатува синоќа во Венеција, каде требаше да ја добие наградата за мир.
Тој годинава е добитник на наградата Златен лав за мир, но не отиде во Венеција поради состојбата на Косово.
Наградата во негово име ја прими амбасадорот во Италија, Горан Алексиќ.
Вучиќ не заминал во Италија поради кризата на Косово откако Приштина наметна двојно повисоки даноци за српските производи.
Во образложението е наведено дека признанието му се доделува на Вучиќ поради „плоден придонес, од меѓународно значење, кој го карактеризира неговиот мандат“ и за неговите „силни напори за промоција на мирот“. Наградата е воспоставена пред 70 години.
Слично
