ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОАЃААТ ЕРМЕНЦИ, ИНДИЈЦИ, ФИЛИПИНЦИ: Сепак соседна земја има потреба од 200.000 работници

ДОАЃААТ ЕРМЕНЦИ, ИНДИЈЦИ, ФИЛИПИНЦИ: Сепак соседна земја има потреба од 200.000 работници

На Грција ѝ фалат 200.000 странски работници.

Туристичкиот сектор моментално поминува низ сериозна криза поради недостиг на работна сила. Иако земјата се потпира на странски работници, нивното вработување е сè потешко, делумно поради строгите имиграциски политики што ги спроведува сегашната влада во Атина, пишува Deutsche Welle.

Грција потпиша договори со неколку земји минатата пролет, вклучувајќи ги Ерменија, Индија и Филипините, за да донесе 40.000 сезонски работници. Сепак, во пракса, овие договори се слабо имплементирани, процесите се бавни, бирократијата е комплицирана, а понудите честопати се непривлечни.

Една од ретките што успеала да дојде во Грција е Тамар од Грузија.

„Работам тука веќе еден месец“, рече младата продавачка во продавница за накит на Тинос.

Таа воопшто не зборува грчки, но сопственичката е среќна што нашла работничка.

Според податоците на Здружението на грчки хотелиери, во моментов има недостиг од најмалку 60.000 работници во туризмот, од келнери и готвачи до рецепционери и собарки.

Дел од медиумите пишуваа дури дека бројката е поголема, односно дека Грција има потреба од 250.000 работници. 

foto freepik.com/Drazen Zigic

ad
Слично

Поврзани вести