Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доаѓа ново гориво во Европа: Ќе биде поевтино за возачите, но не сите автомобили ќе можат да го користат

Доаѓа ново гориво во Европа: Ќе биде поевтино за возачите, но не сите автомобили ќе можат да го користат

По бензините E5 и E10, Европа се подготвува за уште една нова генерација гориво – E20. Станува збор за бензин кој содржи 20 проценти биоетанол, а се очекува постепено да почне да се појавува на европските бензински пумпи од следната година.

Новото гориво е дел од стратегијата за намалување на употребата на фосилни горива и намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Бидејќи етанолот е ослободен од CO₂ данок, експертите очекуваат цената на E20 да биде до пет центи по литар пониска од бензинот E10, што го прави финансиски привлечен за возачите.

E20 има и повисока октанска вредност – 98, за разлика од E10 кој има 95 октани. Ова значи дека моторите можат да бидат поотпорни и да работат поефикасно. Сепак, постои и недостаток: етанолот има помала енергетска густина, па експертите проценуваат дека потрошувачката на гориво може да се зголеми за околу 3 проценти.

Не сите автомобили се компатибилни

Иако новото гориво носи одредени предности, не сите автомобили ќе можат да го користат. Германскиот автомобилски гигант Volkswagen веќе објави дека E20 ќе биде компатибилен со речиси сите бензински модели на Volkswagen, Audi, Škoda, Seat и Cupra произведени од 2016 година па наваму.

Интересно е што меѓу одобрените модели се и спортските автомобили како Audi RS6 и Audi R8.

Сепак, постои важен исклучок. 2.0-литарските турбо мотори со повеќе од 300 коњски сили не се погодни за користење E20. Во оваа група спаѓаат модели како Volkswagen Golf R и Golf GTI Edition 50.

Причината е што поголемата концентрација на етанол, под висок притисок и температура, може да предизвика корозија на алуминиумските делови во системот за гориво, како и побрзо трошење на гумените црева и заптивки. Во екстремни случаи тоа може да доведе и до оштетување на моторот.

Голем дел од новите модели веќе се прилагодуваат

Според експертите, ризикот од проблеми е мал доколку возачите ги следат препораките на производителите. Автомобилските компании BMW и Mercedes-Benz веќе соопштија дека голем дел од нивните бензински модели се компатибилни или ќе бидат прилагодени за користење на новото гориво.

Иако првите тестирања веќе се во тек, E20 не се очекува масовно да се појави на бензинските станици пред крајот на годината, додека засега се спроведуваат пилот-програми на одредени приватни бензински пумпи.

Еуправозато

Слично

Поврзани вести