Доаѓа до стабилизација на кризата во Шпанија?
Веќе четврти месец по ред заклучно со декември се намалува долгот на шпанските банки кон Европската централна банка. Како што покажуваат официјалните податоци, ова е показател дека на шпанските банки сега им е полесно да се финансираат на меѓубанкарскиот пазар отолку на почетокот на кризата.
Банката на Шпанија соопшти дека нето задолжувањето во декември е намалено за 8,1 отсто на месечно ниво на 313,1 милијарди евра, иако на годишно ниво е регистрирано зголемување во однос на износот од декември 2011 година од 118 милијарди евра.
Задолжувањето на шапанските банки спрема ЕЦБ е зголемено на рекордни 388,7 милијарди евра во август минатата година.
Слично
