До вчера Харви, денес Ирма-лудило на берзите
Индексите на светските берзи се повеќе во црвено бидејќи инвеститорите бегаат од ризични вложувања во средина на тензиите на Корејскиот полуостров и пред налетот на урагани во САД.
Германскиот индекс DAX е во пад од 0,1 отсто, францускиот CAC 40 0,2 отсто, а британскиот FTSE 100 oд 0,7 отсто. После вчерашниот значаен пад на Волстрит, денес се очекува млак почеток.
Јапонскиот Nikei 225 падна 0,1 отсто, јужнокорејскиот Kospi 0,3 отсто, хонгконгшкиот Hang Seng 0,5 отсто, додека шангајскиот композитен индекс е без промени.
Инвеститорите и понатаму очекуваат знаци на смирување на тензиите помеѓу САД и Северна Кореја, наведува АП. Американскиот претседател Доналд Трамп наведе дека одобрил Јапонија и Јужна Кореја да купат „значајно поголем број“ на напредна воена опрема од САД.
Откако ураганот Харви удри во југот на САД, после што загинале најмалку 47 луѓе и е нанесена голема штета, се заканува ураганот Ирма, поради кој на неколку американски и карписки островски држави е воведена вонредна состојба. Американскиот центар за урагани соопштил дека ураганот Ирма може да биде потенцијално катастрофален.
Цените на нафтата продолжија да растат. Референтната цена на американската нафта, според податоци на Блумберг, поскапела за 0,3 отсто на 48,8 барели за долар, додека цената на нафтата Брент, е зголемена за 0,9 отсто на 53,8 долари за барел.
