До сега обработени бескаматни кредити од 1,26 милиони евра
Развојна банка на Северна Македонија соопшти дека до Владата се доставени апликации за бескаматни кредити во вкупен износ од 1.263.079 евра во рамки на Ковид1 програмата.
Станува збор за вкупно 136 кредитни апликации на микро, мали и средни претпријатија со вкупно 1.737 вработени. 96 отсто од нив се однесуваат на микро и мали компании кои имаат од еден до педесет вработени.
Доставата на информации до Владата ќе се одвива редовно, на неделно ниво, сè додека не се исцрпат во целост средствата од кредитната линија Ковид1, информира Развојна банка.
Се очекува Владата на денешната седница да ги одобри кредитните апликации, по што Развојна банка ќе стапи во контакт со компаниите да се реализираат договорите за кредит.
Бескаматната кредитна линија Ковид 1 изнесува вкупно 5,7 милиони евра.
Слично
