Економија, финансии, бизнис

Контакт

До Рим и Европа од 99 до 199 евра, „Алиталија“ се врати на македонското небо

До Рим и Европа од 99 до 199 евра, „Алиталија“ се врати на македонското небо
По 6 годишна пауза „Алиталија“ повторно ќе лета од и за Скопје. Утре официјално стартува директната авионска линија Скопје - Рим,  од главните аеродроми на двата градови "Фијумичино" и "Александар Велики". Летовите ќе се одвиваат со авиони ембраер Е-175". Во мај ќе има редуциран распоред со 30 повратни лета Рим - Скопје - Рим, а од јуни целосен распоред со секојдневно летање. Цената на билетот за Рим е 99 евра, а за која било дестинација во Европа со „Алиталија“ цената на авио билетите е до 199 евра. "ВАС туроператор" од Скопје е генерален агент за територијата на Македонија на „Алиталија“ , кој ќе нуди информации, резервации и авиобилети.
Слично

Поврзани вести