Економија, финансии, бизнис

Контакт

До петок исплата на субвенциите за плински уреди

До петок исплата на субвенциите за плински уреди

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска изјави дека до петок, односно до крајот на неделата, ќе бидат исплатени парите од јавниот повик за субвенционирање на купувањето, односно вградувањето на уредите за погон на плин 

Средства на сметките ќе им легнат на над 750 граѓани, според податоците од секторот кој му биле доставени на министерот.

– Рокот за јавниот повик е веќе завршен, а до крајот на неделава, односно до петок на сите што аплицирале и ги исполниле условите ќе им бидат исплатени парите од субвенциите, рече денеска Бектеши.

Јавниот повик беше објавен на 1 ноември. Станува збор за субвенции до 50 отсто од фактурата, но не повеќе од 18.000 денари. За оваа цел министерството имаше буџет од 15 милиони денари. Возилото не смее да е постаро, односно произведено пред 2005 година, а повикот важу за само еден член, односно автомобил од едно семејство.

Истовремено Бектеши рече дека се подготвува и моделот за субвенционирана набавка на возило со ЕУРО 5 или повисок еколошки стандард.

– Ќе одиме со уредба во која најглавно е што ќе го имаме предвид еколошкиот аспект, додаде тој.



Слично

Поврзани вести